Подрумите се здрава опција за бендовите, особено кога имаш 16 години и знаеш што да правиш со себе. Токму оттаму 2008 тргнаа Фонија со нивниот деби албум „Параноја“. Седум години подоцна тие се со новиот, петти по ред албум „…без име“ на истата приземна позиција, со нови песни и приказни за безнадежноста на современиот нихилизам. Парадоксално, молската епика на музиката и дурската на вокалите го прави овој албум мелодиски најангажиран досега. Во ерата на бунтовничкото помодарство Фонија доаѓаат како афродизијак за свесноста – своја, како и на луѓето, кои се сепак создадени да живеат заедно. Музика за „нема генерација“.

Саша Павловиќ, Коза Ностра 1, 24 септември 2015

Сподели