Föllakzoid почнуваат со работа пред десет години како трансерска авантура меѓу тројцата другари од најраното детство – Диего, Хуан Пабло и Доминго од Сантијаго, Чиле. Со огромни познавања за културното наследство од античката музика на Андите, овој бенд полека учи како да го усогласи ова влијание со современите звуци од нивното време, создавајќи богата, но истовремено и минималистичка атмосфера. „I“ e најновиот албум, нивно четврто издание, а трето за една од најактивните и најинтеренси издавачки куќи денес – њујоршката Sacred Bones Records. За разлика од минатите изданија, кои беа направени во “single take” со целиот бенд, на овој албум се работеше три месеци во изолација.

Билети во претпродажба: 400 денари на билетарница МКЦ и online преку https://bileti.mkc.mk/index.php?id=535

Сподели