fff.mk | ФЕСТИВАЛ НА ФРАНЦУСКИ ФИЛМ ВО МАКЕДОНИЈА
од 17 до 20 јуни 2015

Поинаков концепт, квалитетна програма, фокус на дигиталните уметности, филмска музика и професионални средби!
Настанот е организиран со поддршката на Министерството за култура на РМ, Регионот Долма Нормандија, Охридска банка – Société Générale, оркестарот F.A.M.E.S, Младинскиот културен центар, la Кинотеката на Македонија, Агенцијата за филм,Публицис, град Охрид, Центарот за култура во Охрид и Пежо.

8-то издание на Фестивалот на францускиот филм во Македонија, ќе понуди:

-  квалитетна програма која ќе прикаже десетина француски филмови од најуспешната француска продукција во текот на изминатите две години ;
- присуство на почесен гостин на церемонијата на отворање во Скопје ;
- професионални средби помеѓу француски и македонски филмски работници од областа на дигиталните уметности ;
- претставување и поврзување на македонските и француските професионалци од филмската индустрија ;
- презентации и работилници, благодарение на учеството на Festival Off Courts, фестивал за краткометражни филмови од Трувил ;
- работилница и натпревар „моето прво мини-видео“ ;
- вечер посветена на филмска музика, во рамките на програмата „направено во Македонија“ (дела со филмска музика, во избор на оркестарот F.A.M.E.’S.).

Програма на Фестивалот на француски филм во Македонија

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА ДЕТАЛНАТА ПРОГРАМА НА ФЕСТИВАЛОТ 

Среда 17 јуни 2015 | Кино „Милениум“ | Вечер на наградите Цезар

20:00 ч. – Пречек на публиката во кино „Милениум“ и церемонија на минување на црвен тепих

20:30 ч. – Официјално отворање на Фестивалот од страна на:
Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција,
г-дин Александар Фоло, Директор за меѓународни односи на регионот Долна Нормандија, и
висок претставник од Министерството за култура на РМ.

21:00 ч. – Проекција на „Борци“ на Тома Каје (2014, 1ч38), со Адел Енел, Кевин Азаис, Антоан Лоран
Филмот е добитник на Цезар за најдобар прв филм за Тома Каје за 2014 година и на Цезар за Најдобра актерка за Адел Енел.

Почесен гостин: Антоан Лоран, актер.

Четврток 18 јуни 2015 | Вечер на Канскиот филмски фестивал

12:00 ч. – 13:30 ч. | Француски институт во Скопје | Средба и разговор со актерите Лоран Антоан и Дијан Руксел
„Францускиот филмски подмладок“
Претставување на Фестивалот OFF-Courts од Трувил, од страна на Одре Бије, член на здружението ОФФ од Долна Нормандија.
Аниматор: Ана Јовковска, новинар.

18:00 ч. | Кинотека на Македонија | „Диши“ на Мелани Лоран (2014, 1h32) со Жозефин Жапи, Лу де Лаж и Изабел Каре.

20:00 ч. | Кино „Милениум“ | „Со кренато чело“ на Емануел Берко (2015, 2h), со со Беноа Мажимел, Род Пардо, Катрин Денев и Дијан Руксел.
Филмот беше прикажан на овогодишното издание на Канскиот филмски фестивал.
Почесна гостинка: Дијан Руксел, актерка. Разговор.
Аниматор : Ана Јовковска.

22:00 ч. | Кино „Фросина“ | „Од петни жили“ на Нилс Таверние (2014, 1ч29) со Жак Гамблен и Александра Лами.

Петок 19 јуни 2015 | Вечер на филмска музика

10:00 ч. – 12:00 ч. | Француски институт во Скопје | Претставување на видеата од натпреварот „Моето прво мини-видео“, во соработка со Метаморфозис, Регионот Долна Нормандија, оркестарот F.A.M.E.’S., Охридска банка и Фесивалот ОФФ од Трувил.
Аниматор: Аник Ледерле.
Во присуство на Самуел Прат од Фестивалот ОФФ од Трувил.

17:30 ч. – Кинотека на Македонија | Отворен ден во ЕСРА
Средба со Ален Мајор, продуцент и гостин на фестивалот, со студентите на ЕСРА.

18:30 ч. – Кинотека на Македонија | Средба на публиката со актерката Ањес Сорал
Аниматор: Ана Јовковска, новинарка.
Проекција: „До гледање кловну“ на Клод Бери (1983, 1h40), со Колиш, Ришар Анконина и Ањес Сорал.

20:30 – 21:30 | Кино „Фросина“ | Вечер „Произведено во Македонија“
Програма:
Претставување на најдобрите видео-клипови од натпреварот „Моето прво мини-видео“ и доделување награди (1-ва награда – Фестивалот ОФФ од Трувил, втора награда – Охридска Банка, трета награда – Ф.А.М.Е.’С.)

Претставување на проектот F.A.M.E.’S. и средба со Брис Даволи и Фред Корсјал, композитори на филмска музика.

21:00 ч. – „Глупа гуска-принцеза на срцата“ на Камиј Котен (2015, 1ч20м.), со Елоиз Ланг и Наоми Саглио

23:00 ч – Музичка вечер организирана од францускиот оркестар F.A.M.E’S. во Скопје

Сабота 20 јуни 2015 | Вечер на филмски хитови

СКОПЈЕ
17:30 ч. – Кинотека на Македонија | Отворен ден во ЕСРА
Средба со Ален Мајор, продуцент и гостин на фестивалот, со студентите на ЕСРА.
ОХРИД

19:30 – Средба со медиуми во кафуле „Објектив“

20:30 ч. | Центар за култура во Охрид | Затворање на фестивалот
Официјални говори:
Г-дин Никола Бакрачески, Градоначалник на Охрид
Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција

Доделување на Златна Маска на Ањес Сорал, актерка.

21:00 Проекција „Семејството Белие“ на Ерик Лартиго (2014, 1h46), со Карин Вијар, Франсоа Дамјен, Ерик Елмоснино.

СКОПЈЕ

20:30ч. | Кино „Милениум“ | „Француска врска“ на Седрик Именез (2014, 2ч15), со Жан Дижарден и Жил Лелуш.

 Информации за влезници за проекциите:

* Билетите за проекцијата на отворањето на Францускиот филмски фестивал се бесплатни и се резервираат на 02 3118 503 и 02 3116 734.

* Билетите за останатите проекции чинат :

- во Кинотеката на Македонија: 50 денари,
- во кино „Фросина“: 100 денари (резервирајте билети на: bileti@mkc.mk )
- во кино „Милениум“: 150 денари (резервирајте билети на: bileti@kinomilenium.mk )

Сподели