Да ја започнеме новата година како што е редот!
На 14 февруари, на наше големо задоволство, ја најавуваме „Скопската едиција“ на Do The Right Thing, забава што го носи името на легендарниот филм на Спајк Ли и се оддржува во Амстердам, Лондон, а од 2017 и во Скопје!
Забавата е посветена на класиците од областа на хип-хопот, соул музиката, фанкот, и е бленд на концертен настап, дј сетови и хост на микрофон (во стил на легендарните Њујоршки забави од крајот на 70-тите…)
Главни ѕвезди на вечерта ќе бидат легендите на Латино хип-хопот, супер продуцентското дуо од Квинс, Њујорк – The Beatnuts. Тие, како дел од европската турнеја, ќе се претстават со целосен концертен настап, прв пред македонската публика! Со 8 изданија што се сметаат за класики (6 албуми и 2 ЕП-ја) и огромен број продукции, Beatnuts имаат сериозен музички каталог…
Водител на вечерта ќе биде уште една легенда на хип-хопот, нам добро познатиот Jeru The Damaja од Бруклин, Њујорк. Покрај неговата водителска улога на целиот настан, тој ќе изведе неколку од своите хитови, по некој “freestyle”, а воедно вечерта ќе го прослави и својот роденден заедно со публиката, така да очекуваме да е посебно расположен!
специјален гостин ќе биде холандската ДЈ легенда Rob Manga од Амстердам. Тој е еден од луѓето што ја имаат создадено дј сцената во хип-хоп, соул, фанк музиката и еден од луѓето зад концептот на Do The Right Thing.
Македонските бои вечерта ќе ги бранат Фанки Фреш резидентите Гоце и Чваре.
Почеток во 21:00ч. Влезници на билетарницата на МКЦ и во продажната мрежа на МК тикетс по цена од 200 денари во претпродажба и 300 денари на денот на настанот.
Do the right thing!

Сподели