Концертен настап по повод 18-от роденден на ДНО и потребата за разбивање на сивилото, но и групно посакување среќен пат и убав живот далеку од МК на двајца од оние што ќе се качат на сцена.

Киднапирања на Земјани нема да има. Ќе биде киднапиран само вашиот допир со реалноста, која тие неколку часа нема да ви биде потребна. Потребно ќе биде само да уживате во музиката.

Соучесници на ДНО Е НЛО во инвазијата: НОКАУТ и ЛАСТ ЕКСПЕДИШН

Билети во претпродажба: 300 денари, на билетарницата на МКЦ и во продажната мрежа на Мк Тикетс.

На денот на концертот билетите ќе бидат по цена од 350 денари.

Сподели