CINEDAYS дами и господа!

DJ PREMIER повторно во Скопје!
Sure Shotz Entertainment & МКЦ го најавуваат таткото на хип-хопот, единствениот – DJ PREMIER!
Концертот ќе се одржи на 16.11.2015 во МКЦ, во рамки на филмскиот фестивал CINEDAYS.
DJ Premier е еден од најголемите американски хип-хоп продуценти и диџеи.
“Preemo” е едната половина од култното хип-хоп дуо Gang Starr, a покрај продукцијата на песните на Gang Starr се потпишува и како продуцент на многу траки за артисти како:
AZ, Big L, Big Daddy Kane, Bun B, Canibus, Common, D’Angelo, D.I.T.C., Fat Joe, Game, Joey Bada$$, KRS-One, Lord Finesse, Ludacris, M.O.P., Mos Def, Nas, Papoose, Rakim, Royce da 5’9″, Snoop Dogg, The LOX, The Notorious B.I.G., Vinnie Paz, Ill Bill, Jay-Z, Kanye West, Immortal Technique, Xzibit, Limp Bizkit и Busta Rhymes.
Premier е дефинитивно еден од нај креативните продуценти на сите времиња а Скопје се’ уште ја помни журката која ни ја приготви со неговото прво гостување пред 5 години.
На 16.11 МКЦ е местото каде што треба да се појавите.
Вечерта ќе ја отвори хрватскиот ДиЏеј и продуцент и нашиот добар пријател Phat Phillie.
Билетите ќе се во СТРОГО ЛИМИТИРАН БРОЈ во продажба веќе од 22.октомври.
Early Bird билети од 22.10 до 30.10 по цена од 400 денари, од 30.10 до 16.11 цена на билет 500 денари, на врата (доколку останат) цена на билет ќе чини 600 денари.
Билети можете да најдете на Билетарата на МКЦ како и преку продажната мрежа на МК Тикетс:
Југотон ГТЦ 1 кат, Универзална Сала – Скопје, Тобако – МПМ ПРЕС, Тобако Гоги – Драчево,
Тобако Дрводекор, Тобако 2 – Скопјанка, Tobacco Shop 8, Њу Тобако – Охрид, Оранж Тобако – Тетово и преку продажната мрежа на ВИП.

Сподели