Драги пријатели, малата мечка ве кани на ново музичко доживување:

Димитар Додовски • Концерт во Планетариум
Петок, 8 јуни, 21 часот

Димитар Додовски е активен на македонската музичка сцена од раните 2000-ти со своја продукција, настапи во живо како и со диџеј сетови. Неговиот звук вклучува спектар од даб текстури, медитативни и амбиентални звучни пејзажи, new age експерименти, па сѐ до апстрактни мелодиски делници, кои пленат со својата хипнотичност. Покрај неговите соло продукции тој издавал албуми и како Moss Garden (со Lee Norris, UK), Post Global Trio (со Мартин Георгиевски, Тони Димитров) за издавачки куќи како Databloem, Carpe Sonum Records, Unknown Tone Records, Shimmering Moods Records, Womblabel…редовно рецензирани на светските интернет магазини, кои третираат електронска музика. Во последните неколку години интензивно работи и под псевдонимот Нискоградба.

https://soundcloud.com/dimitardodovski
https://www.discogs.com/artist/1120211-Dimitar-Dodovski

 

Планетариумска проекција: Даниел Анастасов

Билетите се во строго ограничен број и достапни на билетарницата на МКЦ по цена од 150 денари (во претпродажба) и 200 денари (на ден на настанот). Побрзајте.

Сподели