МУЗИЧКА КУТИЈА

Во музичка кутија ќе се изработуваат разни форми на текстури за плочи(vinyl) изработени од картон кои имаат намера да го истражуваат и произведуват звукот (резонанца) како и многуте материјали адаптирани за произведување на звук преку технички аудиски помагала.
Нашата намера да ги озвучиме предметите со алатки кои ќе ни помогнат да произведеме звук, како што е пиезо, коj работи на допир и вибрација.
Ќе создадеме звучна инсталација од разни материјали како што се картони, гитарски жици, текстурирани фолии, лим, пвц конци, даски, палети, грамафони и многу др. материјали.
На почетокот ќе има мала презентација за објаснување како работи пиезото и како произведува звук, кратко објаснување и примери што точно ќе се изведува. Секое дете ќе има можност да создаде своја плоча од картон и текстури користејки разни материјали за произведување на звукот.

• Сабота 22.12.2018 11ч.
• Времетраење: 2 часа
• Возраст 6+

Ментори: Александар Ордев, ликовен педагог,аудио-визуелен уметник, Андреј Блажевски, музички теоретичар, сонолог, Доротеј Нешовски – мултидисциплинарен уметник

Работилницата е подржана од Министерство за Култура на Р.М и е дел од програмата ИНТЕРАКТИВНИ РАЗГОВОРИ

Интерактивни разговори се серија на детски работилници, мултидисциплинарен проект кои експериментира со повеќе медиуми и содржини, вклучувајќи, социјални дизајнери, ликовни уметници, музиколози, 3Д аниматори-моделатори, архитекти, фотографи и пермакултурен дизајнер за реализација на дадените концепции, наменети за детски едукации во повеќе дисциплини и предвиден е да трае во повеќе фази. Со намера да комуницира и создава разговори во креативниот процес.

Сподели