16 декември, Дебатниот клуб „Лале“, (МКЦ Џебно кино) ве кани на проекција на филмот Werckmeister Harmonies (Хармониите на Веркмајстер) во режија на унгарскиот режисер, Бела Тар. Филмот е од 2000 година. 2001 г. е победник на Берлинскиот фестивал (Reader Jury of the “Berliner Zeitung”) а Бела Тар доби уште 4 меѓународни награди од филмската критика.

- Variety: Зачудувачки филм – хипнотичка медитација на поп-демагогија и ментална манипулација.
- San Francisco Chronicle: Неизбришлив запис за осаменоста и духовната жед.
- Џим Џармуш: Необичен сон и топла препорака за филмски настан.

Почеток во 20 часот. Гостин на дебатата проф. Владимир Мартиновски

 

23 декември - Karhozat (Damnation), Проклетство. Филмот е снимен 1988 г., а режијата е на Бела Тар. Победник е на фестивалите во Бергамо (Bronze Rosa Camuna) и во Кан (Foreign Cineaste of the Year). Музиката е на Михали Виг.
- Ако ги почитувате Тарковски и Антониони, уште еден добар медитативен филмски сопатник ќе ви биде Бела Тар. (В.Г.)

Сподели