Месец МАЈ, жанровско и креативно шаренило во Дебатниот филмски клуб ЛАЛЕ. Проекциите се секоја среда во 20 часот во Џебното кино.

9 мај
PLAN 9 FROM OUTHER SPACE (План 9 од вселената)
режија: Едвард Д.Вуд
улоги: Грегори Волкот, Том Кин, Мона МеКенон Пријатели!
Да се собереме и да го гледаме филмот заедно, ве уверуваме дека е врвна забава и тема за дебатирање. Шанса да го славите најдоброто лошо филмско искуство!

16 мај
PINA (Пина Бауш)
режија: Вим Вендерс
Документарниот филм Пина ни пружа врвно задоволство да ги гледаме фасцинантните тела на многу различни возрасти во движење, без разлика дали скокаат, паѓаат, нуркаат, тагуваат или се радуваат.

 

23 мај
FIVE EASY PIECES (Пет лесни парчиња)
режија: Боб Рафаелсон
улоги: Џек Николсон, Керин Блек, Били Грин Буш
Елоквентен, важен, пишан и импровизиран во јасен американски идиом. Со овој филм Николсон се промовира во мега ѕвезда.

30 мај
DUEL (Двобој)
режија: Стивен Спилберг
улоги: Денис Вивер, Жаклин Скот
Дестилиран по својата суштина, филмот е фантастична вежба за неизвесноста Филм во стилот на Хичкок а не го снимил Хичкок!

Сподели