МАРТ, месец на бунтовност

Секоја генерација има свои бунтовници. Но, не оние суперхерои од марвеловата ергела, не славни имиња од историјата или уметноста, не од науката, туку обични мали, едноставни ликови од нашето соседство чиишто инстикти и внатрешните пориви се етичкиот баланс на вредностите, суштината на разликување добро од зло. Во месец март тие се нашите херои!

Влез и дискусија без котизација

6.3. (среда)
THIS IS ENGLAND
Обединето Кралство, 2006, 101 мин.
Режија: Shane Meadows, улоги: Thomas Turgoose, Stephen Graham, Jo Hartley
Има нешто заканувачко, многу вознемирувачко и затегнато во оваа емпатична приказна за „лудилото“ на растењето. Прониклива режија и врвен кастинг… Музиката на Лудовико Инауди во идеална контратежа со драмското дејствие.

14.3. (четврток)
BILLY ELLIOT
Обединето Кралство, Франција, 2000, 110 мин.
Режија: Stephen Daldry, улоги: Jamie Bell, Jullie Walters, Jean Heywood

„Били Елиот“ е филм кој едноставно не може да не се сака. Овде бунтовноста не е физичка туку се менифестира на духовен план. Режисерот вешто создава модел на воздржаност и топлина, но, истовремено не вовлекува во чудна екстатична атмосфера.

20.3. (среда)
MUSTANG
Турција, Франција, Германија, 2015, 97 мин.
Режија: Deniz Gamze Erguven, улоги: Gunes Sensoy, Doga Zeynep Doguslu, Tugba Sunguroglu

Младешкиот отпор кон закоравениот традизионализам. Неодминливата еманципација прикажана како возбудлива и емотивна фаза во растењето на петте тинејџерки од Турција. Извонреден кастинг во функција на ретко видена синергија. Дебитантски филм на режисерката.

Сподели