15.1.2020
THE HAPPIEST DAY IN THE LIFE OF OLLI MAKI (95′)

режија: Juho Kuosmanen
улоги: Jarkko Lahti, Oona Airola, Eero Milonoff

Уникатен и прекрасен филм за бокс, а од друга страна, градењето на карактерите нема никаква врска со спортот. На режисерот Куосманен ова му е прв долгометражен игран филм. Победник е на „Un Certain Regard“ во Кан, а снимателот Jani-Petteri Passi е добитник на Златната камера 300 на „Браќа Манаки“ во Битола.

22.1.2020
CONCRETE NIGHT (73′)

режија: Pirjo Honkasalo
улоги: Johannes Brotherus, Jari Virman, Anneli Karppinen

Едноставна приказна за сложени животни теми соопштена на интелигентен начин и со беспрекорна фотографија, прониклива и зашеметувачка.
Peter Flinckenberg ја доби главната награда од American society of cinematographers.

29.1.2020
DANS LA MAISON (105′)

режија: François Ozon
улоги: Fabrice Luchini, Vincent Schmitt, Ernst Umhauer

За овој филм не треба да се лобира. Ако нешто значи, тоа е коктел од реалност и имагинација со ефект на пријатно пијанство. Доколку барате забава со алатки на уметноста, ова е вашиот филм.
Добитник на Златна Школка во Сан Себастијан, и ФИПРЕСЦИ во Торонто.

 

 

Сподели