Промоција на новата поетска книга, „Црно на бело“ од Лидија Димковска во издание на ИЛИ-ИЛИ.
Промотори на книгата ќе бидат Елизабета Шелева, Оливера Ќорвезироска и Гоце Смилевски.

Како најава за книгата, извадоци од рецензиите на промоторите.

„Црно на бело“ е досега веројатно најзрелото книжевно остварување на Лидија Димковска; длабока и по својот дострел – универзална, а концепциски – заокружена и автентична книга достојна на 21 век, која извонредно му прилега и му парира со својот неслучајно апокалиптичен дух и темно обоен сензибилитет!
Елизабета Шелева

Во најновата стихозбирка на Лидија Димковска, со наслов „Црно на бело“, стануваме сведоци на еден поетски свет, кој нè соочува со реалноста, преку раздробувањето на баналноста на секојдневието и тргнувањето во потрага по смислата на постоењето. Димковска ја изнесува преку својата поезија суштината и кога преку стиховите говори за јас и за најличното, и кога говори за Другиот и за најуниверзалното.
Гоце Смилевски

Ова не е најдобриот поетски глас на Лидија Димковска, ова е најдобриот поетски глас на современата македонска поезија. „Црно на бело“ е и аманет, и тестамент, и амајлија,.. а најмногу од сѐ е, сепак, и ѓердан и нож за вратот на виновниците и љубовниците.
Оливера Ќорвезироска

Сподели