Составот ЧИСТИЛИШТЕ е трио од Белград. Нивниот звук претставува експлозивна комбинација на мрачен noise и art punk со два вокали со голем емотивен набој, бескомпромисен став, силна енергија и голема прифатливост на песните зад кои се крие масивен звук, кој го раздвижува телото. Ивана Пауновиќ – гитара, вокал; Немања Булатовиќ – бас; Трајче Николовски – тапани, вокал.

Red Sails Billow е творба на две судбоносни средби на железничката станица во Скопје. Откако се запознаа, Марко Галевски (бас), Александар Томевски (гитара) и Бојан Станиќ (тапани), тројцата со различни музички влијанија (класика, метал и сурф), создадоа жанровски-мутиран инструментален звук, микс од пост-рок, мет-рок, метал и еден куп други влијанија.

Сподели