Надвор од рамките
Од овој теснец спаси се
Можеби си потиштен
Но верувај
Не си отпишан
Тука сум и јас
Од мојата флека немам срам
Пуштиме да дишам во мојот град
Несакам да сум сам
Во мојата мисла засукан…..

DMA Music го претставува второто издание Bronx 1.02, парче простор за меѓусебно видување, презентација, едукација и размена на различни стилови кои потекнуваат од хип-хоп културата. Овогодинешниот симбол на Bronx 1.02 е „Надвор од рамките“, место во кое отсуствува селективност на посетителите, како и место за осознавање и поттикнување на хип-хоп културата. Cо таа цел, надвор од рамките, тргнавме од корените, фузијата на различни музички правци од Jazz, Blues, Funk и Reggae презентирани на хип-хоп платформа што посочува дека и широката маса може да си го најде своето место во еден сегмент на својот личен вкус и избор.

Главниот гостин на Bronx 1.02 е човек за кој не треба посебна најава бидејќи Скопје е наш град, во кој се наоѓа ТОНИ ЗЕН и неговиот бенд Fleka во музичкиот проект чија цел е сплотување со луѓето кои вибрираат во слична фрекфенција и создавње на хармонична, одржлива, долгоживотна реалност. Целокупниот состав сочинет од Sik SiGi (вокал), Blagoja Antovski (тапани), Ади Имери (гитара и вокал),Martin Josifovski (контрабас и бас гитара), Borce Kuzmanovski (клавијатура), Борислав Веселинов (саксофон) доведуваат квалитетни инструментални елементи исцрпени од Jazz, Blues, Funk и Soul поставени на хип-хоп основи со совршена рима.

Следните учесници се многу интересен дел од целокупната програма, во кратки црти „Where there is smoke, there is FIYAH!“ :) Natty Fiyah SS е успешно експериментално разгранување со потекло до Conquering Lion, кој создаде вртоглав простор на слобода за меѓусебно надоплонување на различни музички правци од Reggae, Dub, Jungle, Drum’n'Bass а тој простор ќе го искористиме за freestyle хип – хоп презентација на младиот тетовскиот рап артист Трпески Никола - S.A.M.

Младата сила е поентата на постоењто на Bronx 1.02. Inklingz е рап група составена од Lirikoven Piroman и Lux Kmala. Групата функционира од 2016 година и моментално го привршува својот прв албум, насловен – Tesseract. Inklingz негуваат сопствен звук и сопствен карактеристичен стил, изразен преку многубројни метафори, повеќесложени рими, игри на зборови и интелектуални ставови.

Можеби последни се споменати но воопшто немаат подредена улога во целокпуната програма. Druggy член на добро познатите Anomalia Nativa, еден од основачите на TRAP DA FUCK UP колективот како и продуцент на хип-хоп артисти, и Nomaduzz ќе придонесат во совршената целина.

Покрај музичката програма ќе имаме можност креативно да се раздвижиме со помош на првата онлајн заедница за автори кои изработуваат уметност и дизајн – Modular, како и изложбата на фотографии од Marko Kostovski.

Bronx 1.02, умствено опушти се, надвор од рамките !

Билетите се во ограничен број, а истите може да се купат преку продажните мрежи на:
http://www.mktickets.mk/
https://www.karti.com.mk/

Сподели