Како „потомок“ на џезот и блузот, хип-хоп и рап културата се формираат во 70-те години, времиња кога Бронкс станува центар за ваков тип забави, особено популарни за Афроамериканците. Не многу покасно, кон средината на 90-те години, хип-хоп и рап музиката стануваат најпродаван музички жанр во САД.

Во државава најверојатно немаме МНОГУ Афроамериканци…. АМА ИМАМЕ РАП!!! Па, го селиме Бронкс во Скопје…

На првиот BRONX 1.01 Ви најавуваме концертна промоција на албумот „ПУШТИ ГЛАС“ на Токсиколози. Токсиколози се хип-хоп групација составена од македонските рапери Сиги, Кацар и Џоле. Соработници од времето кога Хип Хопот беше „табу култура“, функционираат заедно под логото на „Токсикологија“ и до ден денешен работат со полна пареа под мотото: ПУШТИ ГЛАС!
Идејата се формира со издавањето на спотот за истоимената песна „Пушти Глас“ на Сиги и Кацар, што им донесе многу истомисленици во Македонија и пошироко.

Настапувале заедно на многу фестивали, мали и големи дискотеки, клубови, кафичи, дупки, штали, отворања на концерти, предгрупа на големи артисти… па затоа, иако се релативно млади, „Токсиколозите“ со себе носат знаење стекнато од искуство за правење атмосфера како никој друг до сега на нашите простори.

НАСТАПУВААТ:
Toksikolozi
Toni Zen Official
Тихомир Туте Јакимовски
dj cvare
Dj K-105
DJ Drazi Drags
Anomalia Nativa

Metaphorce
Zee Bomb
Lirikoven Piroman

Картите се во ограничен број, а истите може да се купат на билетарата на MKC, како и преку продажните мрежи на:

http://www.mktickets.mk/

https://www.karti.com.mk/

Digital.Millennium.Artists
DMA Music
Toksikolozi

Сподели