На 01.март во бифе МКЦ ќе се одржи концерт на гаражното панк рок дуо од Black Magic Six и домашните Fighting Windmills.

Black Magic Six се динамично дуо од Хелсинки, Финска. Основани 2006та. Некои велат Black Magic Six звучат како микс од Howling Wolf и Venom, некои дека имаат влијание од Stooges, Dead Kennedys, Sweetheart или AC/DC. Никој од нив не е во право. Black Magic Six звучат како сатански мастер план, оргулите на Сталин и завивање на врколак од предградието Калио – сè заедно. Без милост.

Fighting Windmills се бенд или поточно кажано: идеја од Скопје. 2 гитари, бас, бубањ и кларинет. Свират музика, некогаш и не баш музика. Во 2013 го издаваат можеби своето најдобро издание (3 албум по ред), кој наиде на одлични критики и од страна на медиумите, како и од страна на публиката.

Почетокот е закажан за 21:00, влез чини 100 денари.

Сподели