На 19 јуни во 20 часот, во фоајето на кино Фросина на МКЦ ќе биде промовиран дебитантскиот роман „Бдеењето над себе“ од Дијана Петрова, за кој е добитник на Признание за афирмација на македонскиот јазик и литература од издавачот НОВ ВАВИЛОН од Битола.

„Овој роман носи нова жанровска свежина во македонската проза, инаку необично ретка, со инаугурирање бран на филозофско-рефлексивната проза, крајно потребна во најновата македонска книжевност“.
Проф. Д-р Јасна Котеска

„Најмногу заради иновативноста на ова ново/младо писмо, романот „Бдеењето над себе“ на Дијана Петрова го прочитав како потресен дневник на една субјективна душа“. Проф. Д-р Весна Мојсова-Чепишевска

„Овој роман со необична и загадочна содржина ќе претставува револуционерно откритие во областа на романсиерството за 2019 година, а и вистинска книжевна наслада за познавачите на краткиот роман“.
издавачка куќа НОВ ВАВИЛОН.

Промотор: Проф. Д-р Весна Мојсова-Чепишевска
Фрагменти од романот ќе чита: Елена Остреска

Сподели