Промоцијата на книгата, „Ателјето на Монмартр“ и заедничкото дружење во духот на париското soireè, дополнето со безвременските звуци на големиот Charles Aznavour.

„Дејствието на книгата, главно сместено во Париз, говори за безвременскиот шарм на овој град, за неговиот боемски дух, за вистинската уметност, за квалитетната литература, за добрата поезијата, за естетиката, за љубовта кон убавите нешта, кои остануваат вечни.

Оваа книга е ода на љубовта кон љубовта. Таа ја глорифицира уметноста на љубењето. Низ интензивната љубовна приказна на убавата Русинка Наталија и францускиот сликар Андре, книгата се осврнува и на традиционалните и културолошките разлики меѓу Истокот и Западот. Таа содржи и големи мудрости, таложени со векови и скриени преку превезот на уметноста.

Низ елеганцијата и леснотијата на белетристиката, оваа книга ја обработува и сериозноста на филозофијата. Преку животот на ликовите, таа отвора длабоки, егзистенцијалистички прашања, кои не мачат сите нас, некој повеќе, некој помалку. „Дали богатството може да ја замени љубовта?, „Дали убавината на една жена има своја цена? – се само дел од вечните дилеми, на кои ниту ликовите во книгата, не успеваат да им побегнат. Сите ние сме си одговорале на овие прашања различно, во различно време, но дали некој од нас успеа да се убеди себеси?“

Сподели