30ти Јуни, ПЛАТО ПРЕД МКЦ
Во организација на Млади за Скопје.

Концерт на отворено на 6 бендови.
Влез слободен.
Поддршка на бендовите ќе можете да дадете преку донации.

COME TOGETHER & SUPPORT YOUR SCENE

НАСТАПУВААТ:

Angza
Crasher-Crust/Punk составен од членовите на #Desease & #BornForSlaughter. Полни со енергија, омраза и гнев! Ова ќе биде една од првите неколку нивни свирки. Формирани се во 2018, во Скопје.

Man In a Suit
Македонските Morphine ќе се престстават пред скопската публика, каде што ќе можете да го доживеете нивниот најспецифичен и естетски филинг преку нивната маѓепсувачка музика. Бенд составен од членови од Берово, Куманово & Скопје.

Conspiracy
Победниците на фестивалот #Лузерфест,впрочем и најнадежниот млад македонски состав ќе можете да го слушнете во живо. Најголеми влијанија им се #Metallica#Sanatorium и #LambOfGod.

ИлузијА
Нов извонреден даркерски бенд формиран во Кратово. Ќе ве изненадат со нивната умнетничка длабочина и осмисленост на целиот нивни сценски концепт. Можеби за поголемиот дел од вас ќе ви биде прв date со нив.

Morfej
Кумановскиот бенд Морфеј, којшто на овој фестивал ќе се претстави и со новиот член (Басистот Теодор Јефремовски), ќе ве трогне со нивната искреност и со нивниот специфичен музички стил. Бенд што уште многу долго ќе се памети во македонската рок потсвест.

Tonal
Млад и извонреден артист, кој ќе ве остави воодушевени од неговиот перформанс. #Tonal за прв пат ќе свири на фестивалот Алтернативно Скопје. Покрај многуте настапи низ Европа и низ Македонија, ќе имате прилика да го гледате во живо на овој фестивал.

Настанот е поддржан од:
#МладинскиКултуренЦентар
#Канал103
#УтринскаАлтернатива (ТВ Телма)

Design: Joanna Alter

Сподели