Донаторската изложба, симболично насловена како „5 мин до 12“, во организација на Центар за помош, поддршка и застапување на притворени и осудени лица, а по повод Меѓународниот ден за заштита на човековите права (10 дек.) и Меѓународниот ден на УНИЦЕФ за заштита на децата (11 дек.), е хуманитарен настан. Станува збор за изложба и продажба на уметнички слики, донирани од македонски сликари. Паричните средства собрани од овој настан ќе ги употребиме за купување новогодишни подароци за деца чии родители се во притвор или на издржување казна затвор, но и за подобрување на условите во затворите.

Сподели