Под работен наслов „Снимај, бе, братучед, снимај!“, од 7 до 10 мај во Скопје ќе се одржи ретроспектива на творештвото на режисерот Милчо Манчевски. Повод за овој несекојдневен настан е јубилејот 20 години од филмот „Пред дождот“, освојувачот на престижната награда „Златен лав“ во Венеција.

Во кината „Милениум“ и „Фросина“ ќе бидат прикажани новите ремастерирани дигитални копии на филмовите на авторот0. Ретроспективата ќе биде отворена во четврток на 7 мај, во 20 часот во киното „Милениум“, со светска премиера на дигиталната копија на „Пред дождот“. По проекцијата ќе следи разговор на Милчо Манчевски со гледачите, пренесуван и за пошироката публика, во живо преку интернет.
Во наредните денови во киното „Фросина“ ќе се емитуваат неговите други филмови, а ќе има и забави по проекциите.

Ќе се одржи и трибина и промоција на монографија за целосниот опус на Манчевски. Интересно е тоа што влезниците за проекциите се бесплатни и ќе можат да се подигнат во билетарниците на кината „Милениум“ и „Фросина“ од среда (06.мај) од 10:00 часот. За програмата во Милениум билети се подигаат на билетара на Кино Милениум, за програта во Фросина, билети ќе се подигаат на билетара на МКЦ.

Сподели