ЗАВРШНАТА ПРИРЕДБА по повод јубилејната 20-та година работа на ПМГ Рекордингс. Влезот е бесплатен, а ќе функционира по принципот invites only.
Централен настан е појавувањето/промоција на НАЈНОВОТО ВИНИЛНО ИЗДАНИЕ на лејблот, двојна плоча, со најрелевантните песни-мигови од разни артисти, кои не само што ја одбележaа историјата на ПМГ Рекордингс, туку ја вцртаа и современата македонска музичка и културна пракса. Без лажна скромност, ова е историска плоча на која се обединети најквалитетните имиња од последните 20 години (види подолу за целосен список). Вистински MUST HAVE!!!
Двојниот винил ќе можете да го набавите на овој настан по промотивна цена од 1500 ден. За секој купен винил следи специјален подарок од нашата приватна крафт пивара :)
Пригодната програма ќе биде сосем во духот на нашиот лејбл. Мал концерт на Кантон6 во нивната најнова техно-џез обладна, со гостување на господинот Владан Дробицки (Сетстат) на тромбон.
Младиот електронски состав Барум Барум ќе настапиисто така во живо, а програмата ќе ја заокружи Дарко Јорданов, ПМГ диџеј-ветеран.
Настанот ќе се одржи во фоајето НАД киното Фросина, на просторот со балкон.

Еве ја целосната листа на бендови и песни, кои ќе се најдат на компилацијата Thee Story of PMG Recordings 1998 – 2018

A side
01 The John – Nie Sme od Skopje
02 PMG Kolektiv – Kontrol
03 Mr. Brown – Mr.Brown vs Devil
04 Aleksandar Veliki – Ploči
05 Bei the Fish – Living in a Box

B side
01 Mooger Fooger – Oki Trash
02 Bernays Propaganda – Bezbedno Levo
03 Millko – Sredba
04 Muhamed Ibrahimi – Fly
05 Conquering Lion – Blind
06 Lokalen Partiot – Gomno na Ploštad

C side
01 Robotek – Loop the Time
02 KantoN6 – TV Dnevnik
03 Special People Club – Lica vo Ogledalo
04 Marija Kaeva – Zdravo te Sakam
05 Duško Janevski – Mind Over Matter

D side
01 Aleksandar Pejovski – Leftover 1 feat.Tina Gorovska
02 Sethstat, Nikola Kodjabašija, Mirko Popov – Krugovi
03 Galathaia – Deset
04 Mirko Popov Quartet – Solo
05 Pikolomini – Avioni

Сподели