Точно 25 години Канал 103 е фактор на македонската инаквост.
Автентично културолошко јадро на самобитност, самобендисаност.
Легло на самостојна мисла и независна дејност.
Симбол на отпорот кон коруптивниот естаблишмент и контрабаласт на неговата суицидна доктрина.
Точно 25 години Канал 103 е прослава на духот, креативноста и љубовта во најчиста форма.
Време е за прослава.
Време е тие долги, понекогаш тешки, но секогаш исполнети со смисла #25ГодиниКанал103 да бидат дотерани, спакувани, провеселени, вреднувани и поставени на видно место во витрината на дубиозното македонско битисување на планетава.
Централната прослава по повод 25 години Канал 103 е замислена како ГОЛЕМ МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ,
на кој покрај бројни имиња од нашата земја, кои буквално се сраснати со идејата и дејноста на нашето Радио, ќе настапат и специјални гости од САД, култните Psychic TV, добро познат музичко-културолошки квантитет, со неизмерлив квалитет и релевантност да се најдат не само во духовното јадро на Канал 103 туку и во самата матрица на идејата за алтернативно постоење/делување во светски рамки во последниве 50 години.

_ – _ -_

Билети во продажба од 28 март (понеделник) на билетарницата на Младински културен центар и на MkTickets.

Цени на билетите:
28 март – 3 април >> 300 ден.
4 април – 13 мај >> 400 ден
14 мај >> 500 ден.

ВАЖНО: За првите купени 500 билети следува подарок CD, “From Subway to My Way”, првиот албум на Пиколомини и воедно првото издание на Стотројка.

Сподели