По повод својот 23-ти роденден, Стотројка организира роденденска дружба во чест на македонската независна музичка сцена!

Целовечерен македонски музички избор, маркет на независни издавачи, проекција на Стотројкашки филмови, slide show документ за скопската урбана култура… Под отворено небо!

По долги 3 години, фриформ сешнот “Е’н, 2, три… 103!” се враќа на местото на настанот. Овојпат со 5 тапанари, 9 гитаристи, 4 басисти и двајца клавијатуристи. Недоговорени за свирка учествуваат: Тејка Васиљевиќ, Владимир Настевски, Дино Милосављевиќ, Марко Ковачевиќ, Мите Димовски, Деан Змејкоски, Сеад Хаџиќ, Филип Тасевски, Ивица Димитријевиќ, Горазд Чаповски, Синиша Евтимов, Соња Димитријоска, Јана Коцева, Драган Гиновски, Стефан Ивановски, Теодор Бошков, Петар Младеновски, Саша Павловиќ, Александар Балдазарски и Ненад Тонкин.

Дојдете, донирајте и наздравете за вашето радио.

И покрај сè, Стотројка… Една љубов!

Среда, 30ти април, 18 часот.
Слободен настан на платото пред МКЦ.

Сподели