Шекспир на филм“ претставува дел од „Шекспир живее“, глобалната програма на British Council и GREAT, која го слави шекспировото влијание врз културата, образованието и општеството на 400-та годишнина од неговата смрт. Одбележувањето на шекспировите дела во филмската уметност ги вклучува насловите: „Играј! Нем Шекспир“, „Ромео и Јулија“ (реж. Франко Ѕефирели, 1968), „Ричард III“ (реж. Ричард Лонкрејн, 1995)… Предводена од Сер Иан МекКелен, BFI (Британскиот филмски институт) и British Council, програмата ќе патува низ 110 земји во светот.

 

16.09. МКЦ; 20:00

ХАМЛЕТ
Режисер: Laurence Olivier
Времетраење: 111′

Година: 1948
Играат: Laurence Olivier, Basil Sydney, Jean Simmons

Лоренс Оливие остварува една од најдобрите шекспирови главни улоги во оваа верзија на Хамлет од 1948, наградена со оскар. Несекојдневната трагична приказна за данскиот принц, изнамачен од неговата должност кон својот убиен татко и од вината и стравот што ги чувствува при помислата за одмазда, се одлично портретирани во оваа бесмртна приказна за убиства, интриги, лудило и очај.

 

17.09. МКЦ; 20:00

МНОГУ ВРЕВА ЗА НИШТО
Режисер: Kenneth Branagh
Времетраење: 104′

Година: 1993
Играат: Kenneth Branagh, Emma Thompson, Denzel Washington, Imelda Staunton

Оваа духовита и модерна постановка на шекспировата „Многу врева за ништо“ е доказ за големата креативност на Кенет Брана, и веројатно една од најдобрите адаптации на Шекспир некогаш филмувани. Кинематографијата го нагласува бујниот пејзаж на Тоскана во кој Брана, како смешниот Бенедикт и Ема Томпсон како свесната и предизвикувачка Беатрис, ѝ даваат живот на оваа адаптација.

 

18.09. МКЦ; 20:00

РИЧАРД III
Режисер: Richard Loncraine
Времетраење: 137′

Година: 1995
Играат: Sir Ian McKellen, Robert Downey Jr., Maggie Smith, Jim Broadbent

Шекспировата бесмртна приказна за амбицијата, страста и убиственото предавство е брилијантно модернизирана во ремек-дело на 20 век. Адаптиран според критички реномираната сценска продукција на историската драма на Шекспир, оваа продукција на Ричард III со Сер Иан Меккелен како лукавиот узурпатор на престолот. Сценографијата е како стрип визија на Лондон во 30-тите: дел е уметничка декорација, дел е како од Третиот рајх, дел е од индустриската ера на ’рѓа и гнилеж.

 

19.09. МКЦ; 20:00

КРАЛ ЛИР
Режисер: Peter Brook
Времетраење: 88′

Година: 1970
Играат: Paul Scofield, Alan Webb

Питер Брук режира своја адаптација на шекспировата класична трагедија. Кралот Лир (Пол Скофилд), решава да го подели своето кралство на своите три ќерки, според тоа како тие ќе ја докажат својата љубов кон него. Кога ќерка му Корделија ќе одбие да го полни неговото его со изјави на преданост, Лир им дава огромен дел од својата моќ на нејзините сестри, Гонерил и Реган. Наскоро, тие го злоупотребуваат тоа, а Лир се чувствува онеспособен и немоќен. Набргу тој полудува, додека неговата империја се распаѓа.

 

19.09. МКЦ; 20:00

ИГРАЈ! НЕМ ШЕКСПИР
Режисер: Various
Времетраење/Duration: 88′

Година: 1999
Играат: Sir Herbert Beerbohm Tree, Dora Senior, James Fisher

Во раните години на дваесеттиот век, филмската индустрија сакајќи да го подигне статусот на проста забава, започнува да го имитира театарот. Во тој контекст, Шекспир претставува голем предизвик особено поради тоа што многу филмови снимени пред Првата светска војна се долги најмногу една до две филмски ролни. Уникатната колекција на неми Шекспир филмови се извлечени од колекцијата на Националниот Филмски и Телевизиски архив, вклучувајќи ги: Крал Лир (1910), Сон на летната ноќ (1909), Венецијанскиот трговец (1910) како и првиот воопшто филм снимен по драма на Шекспир – Кралот Џон (1899). Иако филмовите се наместа оштетени, тие на публиката ѝ даваат уникатен увид во изведбата на делата, но и ја прикажуваат бујноста, иновацијата и убедувањата на овие рани филмски режисери. Колекцијата на филмови е придружена од нова музика, специјално компонирана за истите од младата наградувана композиторка Лаура Роси.

Сподели