Како што повеќето знаете, нашиот другар и андерграунд борец Грицко, од пред некое време има сериозни проблеми со бубрезите. Оди на дијализа три пати неделно и се наоѓа пред прилично несигурна иднина. Тие што го познаваат, знаат дека Грицко е човек што секогаш бил прв што ќе се понуди да помогне на кого било, познат и непознат. Сега е време да му вратиме со иста мера, и повеќе. На 9 април (недела) во МКЦ се обединуваме да покажеме дека андерграундот не заборава.

Настапуваат:

RootBoy
ZoltiMan
Konop
Swatovski
Тотално опуштање
Gargoyles
Ambroz
Formless Terror
Dj Slave
Васко Атанасоски

Карта ќе биде симболични 100 денари, и ќе има и кутија за донации за секој што е во можност да даде повеќе.
Се гледаме во недела на целодневна журка!
UNITED UNDERGROUND OF SKOPJE!!

Сподели