The Hobbit: The Desolation of Smaug (3D)

По успешното преминување преку мистичното дно на Магливите Планини, Торин и неговата дружина се принудени да побараат помош од непознат моќник пред да се соочат со опасностите на маѓепсаната шума Мрквуд, лишени од придружбата на нивниот пријател, волшебникот Гандалф. Доколку успеат да стигнат до Езерското Гратче населено со луѓе, Билбо Бегинс ќе треба да го исполни договорот  со дворфовите. Дружината мора да го заврши патувањето до Осамената планина, а “крадецот” Билбо Бегинс треба да ја најде Тајната врата која ќе им даде пристап до пештерата на змејот Смауг. А каде замина Гандалф? Која е тајната задача која го однесе на југ?

Времетраење: ’161
Жанр: авантура \  драма  \ фантазија
Држава: САД \ Нов Зеланд

Премиера: 12 декември 2013 (светска премиера)

Режија: Питер Џексон
Сценарио: Френ Волш, Филипа Бојенс, Питер Џексон, Гиљермо дел Торо, според новелата “Хобит” на Џ.Р.Р Толкин
Продуценти: Филипа Бојенс, Каролин Канингем, Метју Дравицки, Калум Грин, Питер Џексон, Кен Каминс, Френ Волш, Зејн Вејнер
Продукција: Metro-Goldwyn-Mayer (MGM), New Line Cinema, WingNut Films
Музика Хауард Шор
Улоги Ијан МекКелен, Мартин Фримен, Орландо Блум, Кејт Бланшет, Бенедикт Камбербач, Стивен Фрај

Сподели