Ruined Families (Greece)
Ruined Families е хардкор панк бенд од Атина, Грција. Тие експериментираат со screamo и post punk елементи што доведуваат до одлична бука. Нивното последно LP “Blank Language” е издадено од Adagio 830.

This Routine is Hell (The Netherlands)
This Routine Is Hell е хардкор панк бенд од Холандија. Нивното последно издание “Howl” е снимано со Курт Бало, гитаристот на Converge. Тие мешаат модерен хардкор панк звук со old school елементи како Black Flag. Нивните текстови се од клучно значење за многу социјални и лични прашања . Големо влијание имаат од Beat Generation.

Нова Генерација (Macedonia)
Нова Генерација е бенд кој почна да свири во Октомври 2011. Бендот е создаден од фрустрациите и мржњата кон денешново општество во кое живееме, владата, системот, нацизмот, капитализмот, корупцијата, полицијата, војните, испраните мозоци, апатијата кај луѓето, а и од желбата да се врати уличната сцена кај младината во градов која изумре во последниве години и беше заменета со кафичи и турбофолк. Музиката е инспирирана од старите американски хардкор и треш бендови како Black Flag, MDC, Minor Threat, Bad Brains, D.R.I, Suicidal Tendencies и македонскиот панк, додека вокалот е повеќе насочен кон стрит и анархо панк стил како LА’s Moral Decay, Defiance, South Central Riot Squad. Нова Генерација го сними своето прво ЕП во 2012.

Влез: 150 ден
Почеток: 21:00

Сподели