ПАЛИНДРОМ
Палиндром започнуваат со дружба во средношколски денови, после некое време решаваат да оформат бенд. Негуваат пост-панк/гаражен звук, до сега имаат два настапа и многу другари ги имаат пофалено:). Поради тенкиот буџет на бендот немаат студиска снимка, но благодарение на модерните мобилни телефони, имаат снимено дел од проба и закачено на Youtube.
Палиндром се:
Ерик Омерагиќ – Бас Гитара
Филип Поповски – Бас Гитара
Кристијан Новковски – Тапани

palindrome

EQUINOX
Бенд, формиран во Скопје во 2012 година. Од тогаш до денес имало повеќе промени во членовите. Сега тие се:
Андреј Павлов (гитара)
Петар Стојановски (гитара)
Васил Крстев (бас)
Благоја Стаматовски (тапани)
Мартина Митревска (вокал)
Прават авторска музика од алтернативен жанр со која не настапиле никогаш јавно, ова ќе им биде прв концерт. Среќно.

equinox

 

МАЗНО, АМА НЕ Е
„Мазно, ама не е“ е бенд кој е стар отприлика 8 месечеви мени. Настана како природна еволуција на првиот бенд на Мартин (гитара) и Виктор (тапани). Тие првпат се сретнаа на новогодишниот концерт кој се организира секоја година во гимназијата од чии клупи потекнуваат сите членови на бендот. Нивната заедничка љубов кон Нирвана, и нескротливата желба за претворање на енергијата во ноти, удари и стихови ги спои во нивниот прв бенд „Киоск“.

По кратко постоење, брановите го однесоа „Киоск“ во пре-џимихендрикс насока, па Виктор, (гранџ во душата) и Мартин (верен на пост-рок/панкот) започнаа да си бараат друго чаре. Еден ден, ветрот случајно ја дувна Теа(бас) на една од пробите, и по некое време поминато во џеминг, толку се заплетка во кабли шо немаше друг избор освен да остане за стално. По некое време, се појави Исаја (вокал), се заљуби во визбата кај шо можи да вика колку шо ја држи гласот а комшиите да не се бунат, и пошто толку ја бендиса, реши да се придружи на друштвото. Всушност, бендот е разумен компромис и крстопат помеѓу музичките желби на членовите. 8те месечеви мени, до сега родија 8 песни кои немаат друга дефиниција освен – мазни се, ама не се. Па така, името на бендот е всушност опис на музиката: мазна е, ама ко ќе го пушти Мартин големио маф, поќе не е.
Членови:
Виктор Јовевски
Исаја Карадаковска
Мартин Петковски
Теодора Шаклевска
Официјална ФБ страна
maznoamanee

ХЕНДИКЕП
Оваа ,,хендикепирана” сложувалка од ноти парадира од септември 2013, и продолжува да дисторзира обликувајќи се се до денес.Оставајќи го звукот на нашата уникатност пред Виничани, низ два хуманитарни концерти, ПХВ проекти режирани од страна на Црвен Крст Виница, и разни свечености во гимназијата каде што учиме, продолжуваме развивајќи се гонејќи ја совршеноста. ,,ХЕНДИКЕП” сме ние, а вие одлучете дали ќе ја прифатите иронијата или ќе се носите без никаква метафора. Значи снимките се ужас, ама во еден ден ги снимавме овие 2 наши авторски песни.Слушнете ТУКА, погледнете (и слушнете) ТУКА.

hendikep

 

ASK
Михаил Дамчевски, роден во 1998, 16 години, ученик во средно медицинско Панче Караѓозов. Започнал со рап музика во 2009 кога снимил демо трака кај другар дома со микрофон од слушалки. До сега нема издадено ништо, но на интерент неофицијално пушта 3 траки. Проверете го на ФБ, или видете/слушнете ТУКА.

ASK

 

LEITMOTIFF
Лајтмотиф е пост-рок/мет-рок/блекгејз/(уше неколку жанрови) бенд од Скопје, по тертипот на Milanku, Khuda, The Saddest Landscape, pg.lost, Indian Summer. Оформен есента 2013, го издава своето прво EP во Ноември 2013 чија промоција се оддржа во кафе бар Браво заедно со SHOEN. Понатаму иима настапувано на Земјотрес 2 и живо во Канал 103 на Ако никој не свири. Снимен материјал: Бесплатно за преслушување ТУКА. Официјална ФБ страна.

leitmotiff

Специјален гостин со неколку минутен BEAT BOX сет ќе има и Мартин Буцко BeatBox кој од своја Матура ќе долета до МКЦ за овој настап.

bucko

Сподели