Од 5 до 7 декември во МКЦ ќе се оддржи првиот Скопје Гитар Фестивал – музички фестивал со богата програма наменет за оние кои свират, сакаат да свират или само уживаат слушајќи музика во која главната улога ја има гитарата.

Организатор е здружението на гитаристи БАСТЕТ, чии членови изјавија дека идејата за ваков концепт се појавила од љубовта кон музиката и гитарата, резултирајќи во осумнаесет рок, џез, блуз и класични концерти во три фестивалски вечери, надополнети со гитарски работилници за размена на искуства и идеи.

„На македонската музичка сцена со години и недостасуваше фестивал што ќе ги унифицира гитаристите без разлика на возраст, ниво на способност, етничка или уметничка позадина“, велат организаторите.

Влезот на фестивалот е бесплатен.

Сподели