Тiiiit! Inc. и 103ка ве канат на 3 незаборавни женски филмски вечери во МКЦ: 9 филмови, 9 режисерки, 3 дискусии по филмовите со авторките и со важни познавачи на филмот, проследени со 3 DJ сетови на девојките од 103ка.

Статистиката на светско ниво вели дека само 16% од сите активни филмски режисери, продуценти, писатели, кинематографери и монтажери денес се жени. Од друга страна, за прв пат во историјата на иднината на македонската кинематографија, класата по филмска режија на ФДУ во Скопје е женска класа. Дури 4 од 6 студенти се девојки, кои за пар години ќе им се придружат на 5те филмски режисерки кои таму дипломираа во изминативе 5 години. Сите умни, смели женски со уникатен поглед на светот и автентично толкување на тоа што е филм. Прават добри филмови и собираат награди по меѓународни фестивали.
Филмската режија во Македонија ја доживува својата женска ренесанса. И тоа вреди да се одбележи!

„3“ е важен број, исто како што на овие девојки им е важно и ПРВО ПА ЖЕНСКО, па благодарение на добрата волја на сите учесници во нив, овие настани ќе бидат прилика за fund raising за ТРЕТОТО издание на фестивалот што ќе се одржи од 06 до 08 МАРТ во МКЦ.

ПРВО ПА ЖЕНСКО Е И ТВОЈ ФЕСТИВАЛ! БИДИ СОЛИДАРЕН, ПАРТИЦИПИРАЈ!

Сподели