Почитувани,

Во среда на 11-ти јуни, со почеток во 20:00 часот, Плато МКЦ, ја претставуваме првата поетската книга на Исток Улчар, Сенки низ циркускиот шатор, издавач Антолог.
Промотор е Елена Пренџова, поет и критичар.
Интерпретација на стихови: Владимир Јачев и Мила Симовска.

Исток Улчар е роден 1995 во Скопје (Чаир). Неговата поезија е застапена во неколку избори на дела од млади македонски автори. Учествувал на повеќе книжевни читања. Аматерски се занимава со театар и цртање. Песните му се преведени на англиски и српски јазик.

За поезијата на Улчар:
.. Станува збор за поетска книга со доследно спроведен концепт, во кој се проникнуваат иронијата, општествената сатира и младешкиот пркос.

Во визурата на оваа поезија смешното и сериозното, „невиноста“ и „искуството“, шокантното и тривијалното, комичното и трагичното се прелеваат и се претопуваат на најразлични начини. Парадоксот е доминантна фигура (а и ефект) на песните на Исток Улчар ..
Владимир Мартиновски

.. Ракописот претставува една поетска целина посветена директно на тинејџерското време кое младиот Улчар со сензибилен рез успеал да ги окарактеризира низ своите стихови како едно време активно и во реалноста и во неговата фантазија. Сликите дури и преку стиховите делуваат визуелизирани најчесто поради употребата на имињата на познати личности, бендови, производи, актуелни за самиот Улчар..
Мане Манушев

Сподели