Петок, 8. мај , Галерија МКЦ со почеток во 20:00 ја промовираме „Ги најдов во длабокото“, нова збирка раскази
од Симона Јованоска во издание на ИЛИ-ИЛИ.
Расказите ќе ги претстави – Љубиша Сулимановиќ, за книгата ќе зборува- Владимир Мартиновски, музичка поддршка – Предраг Богданоски.

“Читајќи ги фантазмогоричните прози во збирката Ги најдов во длабокото, читателот цело време има чувство дека плови во длабоки води: во непрегледните длабочини на ликовите од расказите, но и во сопствените длабочини. “ / Владимир Мартиновски/

Симона Јованоска е родена 1985 г. во Гостивар.Збирката раскази „Ги најдов во длабокото“ е нејзина прва книга. Живее и работи во Скопје.

Сподели