Промоција на поетската книга Метафизички сино од Филип Клетников

Метафизички сината поезија ќе биде претставена во несекојдневна синергија со театарска игра во изведба на „Театар 007“

„Метафизички сино“ е трета поетска книга на Филип Клетников, кој, покрај поезија, пишува и објавува и раскази и есеи, а активен е и како проучувач и преведувач/препејувач на средновековната книжевност и мисла.

Во својот оглед кон ова поетско остварување, истакнатиот филозоф и критичар Ферид Мухиќ, нагласувајќи го фактот дека станува збор за „книжевен настан од прв ранг“, ќе подвлече дека Метафизички сино“ е „вистински поетски едикт за животот и смртта“, кој „во себе ги компримира и на поетски начин ги пренесува сознанијата од огромната материја на филозофските, религиските и на книжевните тематизации на клучниот бином ‘животот/смртта’ посредуван со централната метафора ‘влезот/излезот’“.

Сподели