Оригинален и уметнички кохерентен проект составен од песни на Славе Ѓорго Димоски и цртежи на Сергеј Андреевски. Книгата на 44 странци содржи дваесетина песни од Димоски и исто толку цртежи од Андреевски, распоредени во неколку циклуси.

Книгата претставуваа метафоричко­алегориски однос кон актуелното време, пред сѐ врзано за нас самите. „Извештаи“ како строго полициски термин и „Рисот“, амблематичен лирски субјект којшто е симбол на индивидуалноста, на слободата и на дивиот порив, тајновито присутен во сенчестите агли на недопрените гори, но кој исчезнува или веќе е исчезнат.

Книгата со својот концепт и самиот наслов има и еколошка димензија да ја подразбуди свеста за исчезнувањето на рисот од нашите планини.

За делото ќе зборува проф. д-р Иван Џепаровски, а стихови ќе чита Арна Шијак.

Сподели