Тамара Јолевска-Попов е родена1987 година во Скопје. Основното образование го заврши во родниот град, а средното во уметничкиот колеџ “Бромсгроув” во Бирмингем, Велика Британија. Англиски и шпански јазик и книжевност дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Моментално го подготвува магистерскиот труд на Универзитетот “Американ колеџ” во Скопје. Долги години е присутна како танчер на независната уметничка сцена. Автор е на неколку драмски текстови, а збирката куси раскази „Г-дур“ е нејзина прва литературна објава.

“Расказите на Јолевска-Попов се куси – инстант раскази, во стил на мали скопски разговори, со временски и просторни елипси со кои се постигнуваат различни атмосфери. Обидете се да се впуштите во дијалог со нив”.
Снежана Младеновска Анѓелков

“Кратките раскази на Тамара имаат мошне флексибилен ритам како во џезот, а од друга страна, пак, поседуваат наметлива и оптимистичка мелодија како во некоја каденца од Моцарт која создава тензија да дојде крајот, па да се сфати суштината на целата приказна”.
Тина Иванова

Сподели