Господинот Александар Пејовски е секако име број еден на домашната модерна класична сцена, секое негово ново остварување се очекувасо нетрпение.
FYROM Requiem е најновото во низата на хируршки прецизни, ем сонични, ем политиколошки остварувања, кои во исто време говорат за бремето на македонската реалност, но и трансцедираат во толку посакуваната, од сите нас, вечност.
FYROM Requiem сосем непретенциозно, успева да ги пополни музичко-културолошките дупки, настанати од нашиот раштркан & несериозен пристап кон реализирањето на сопствената историја.
Овој фантастичен реквием успева онаму каде што современата македонска политика паѓа, а тоа е да обезбеди/конструира посветла и пограндиозна историја, а со тоа автоматски сегашност и иднина за нашата автентична резонанца во времињата.
Александар Пејовски е фигура која несомнено ќе биде откриена, признаена и секако, узурпирана од оние кои креираат реалност со народни пари.
Не оваа година, веројатно не ни идната. Нешто подоцна во времето.
Сабота 22:00
ПРАЗНИК во фоајето на Кино Фросина.
ЦДа еден куп.

Пријателски download ТУКА.

Сподели