„Ретро – Перспектива“ е хуманитарен настан што ќе пренесе силна мисла и ќе освести многу емотивни теми во нас. Ќе нè разбуди и ќе нè потсети на вистинските вредности – хуманоста, љубовта и среќата…
Емотивна промоција на албумот, пренесена на повеќе начини: преку говорот на телото, преку гестикулација или превод на знаковен јазик и преку новите видео записи… Затоа што оваа музика има за цел да допре до сите срца!
Танчери што ја придружуваат Стефанија се: STUDIO BREAK A LEG, студио за модерен балет „Анастасија“. Специјални гости се децата со оштетен слух и говор од Заводот за рехабилитација – Битола и Скопје .
Промоцијата има турнеја низ Македонија, која започна во Битола, па продолжува во Охрид, Прилеп, Велес, Струмица, Гевгелија, а завршува со две промоции во Скопје (Мкц 2.12 и МНТ 17.12).
На самото место ќе имате можност да го набавите албумот „Ретро – Перспектива“.
Продажбата е со хуманитарен карактер, половина од средствата се наменети за Орнела Јордановскa, која боледува од леукемија.
Домаќини на настанот се Црвен крст – Скопје, а на самото место ќе бидете топло пречекани од тимот на Juice bar Sqeeze me (СКВИЗ МИ).

Сподели