На 20 Март во бифе МКЦ во 20 часот уличниот поет Страјк (Стр2, Легијата) ќе го објави својот втор соло проект насловен како Земен Рај.

Долго очекуваното рап дело ќе ги насити сите рап сладокусци, затоа што сите знаат дека кога станува збор за Страјк станува збор за високо квалитетен рап.

Албумот е снимен во Бутлегз бејсмент во периодот од 2012-2015 и е целосно продуциран од Диџеј Гоце (С.А.Ф.) и ќе содржи 13 траки, меѓу кои ќе се најдат сингловите Тие што знаат, знаат и Стрит Поетикс.

Гостин на албумот е Блажеј од Стр2, издавач е Шурикен Рекордс и бутлегз бејзмент лаб.

Повелете на промоција.

Сподели