ПРВО ПА ЖЕНСКО меѓу другото се памти по незаборавните концерти.

За да не ве држиме во неизвесност решивме да ве израдуваме со централниот дел на музичката програма на ПРВО ПА ЖЕНСКО годинава.
На 7ми март (сабота) ќе имате можност да чуете одлични бендови. Почнувајќи од 21 часот, до полноќ ќе рокаме со ПАЛИНДРОМ, Threesome, GreenFuzz и ќе рапуваме со љутата Sajsi MC и брутално искрениот Џака! Бидете таму…

Влезница 100 денари (билетарата во МКЦ работи вторник-сабота од 12 – 20 часот, билетите се во ограничен број)

П:С. Дополнителни детали за програмата на ПРВО ПА ЖЕНСКО #3 следуваат допрва

Сподели