Традиционален првоаприлски панк рок маскенбал во бифе Фросина, МКЦ

Настапуваат:
Voodoo Healers (GR),
Флукс (МК),
xМАРКОx (MK)

VOODOO HEALERS (GR)
Voodoo Healers доаѓаат од Солун, Грција и концертот во Скопје е токму првиот концерт надвор со кој ќе ја започнат нивната 30-дневна европска турнеја. Пичат опак рокенрол/punk n’ roll и постојат повеќе од 10 години. За моторџии и фанови на Social Distortion, Ramones, Stooges, Motorhead, Dead Boys

http://www.voodoohealers.com/
https://www.youtube.com/watch?v=GQWjhVl-Atk

ФЛУКС (MK)
Иако не треба посебна најава, Флукс се најлегендарниот панк рок бенд од Македонија ever, присутен веќе 20 години на локалната сцена. #флукспанк

xМАРКОx (MK)
Марко Крстевски е DIY, SxE, folk панкер. Попознат како Омо, тој е дел од двата скопски бендови Mindless Violence и Shoen. Ова ќе биде прво негово акустично live соло искуство со публиката. Во моментов спрема и EP.

Традиционален првоаприлски панк рок маскенбал во бифе Фросина, МКЦ

www.sixtyninerecords.org

Сподели