Sixtynine Records & Coffee Mug Booking ви претставуваат:
Punk Rock Picnic @ МКЦ!
7ми јуни, 18:00 – 01:30

Програма:

18:00 – 21:00 (плато МКЦ)
- Дистро/merchandise штандови: Sixtynine Records, Deny rec. , Направи Сам/а + други
- Punk Rawk/Ska/Reggae DJ set: Fitz aka Feetz vs. Stefan Rajhl
- Acoustic set: хМАРКОх
- Веганска храна и мезе

21:00 – 01:30 (бифе Фросина, МКЦ)
- Noviot Pochetok (Македонија)
- Despite Everything (Грција)
- 10 To Go (Грција)
- SEEHEARSPEAK (Словенија)

​• Noviot Pochetok се добро познати на домашната панкрок публика. За потсетување, бендот постои од 2002та, зад себе има 3 албуми како и 3 поголеми турнеи во последните неколку години од кои две се Европски. Последен пат пред скопската публика настапија на второто издание на “Земјотрес”. Оваа есен ќе го снимаат својот четврти албум.

Web: http://www.noviotpochetok.com/
Youtube: https://www.youtube.com/user/noviotpochetok
Bandcamp: http://noviotpochetok.bandcamp.com/

• Despite Everything (Грција) се четворица момци од Атина кои ја делат страста за свирење панк-рок, долги возења и неудобни ноќевања низ светот. До сега имаат издадено два 7”, 10” сплит со INxSANE, и 7” сплит со Unfun, а “The Dawn Chorus” минатото лето го промовираа и во Скопје. Имаат отсвирено многу концерти низ Европа и Америка, а сепак ги застануваат скоро на секоја граница. *За љубители на Hot Water Music, Propagandhi, Against Me!
Music: http://thedawnchorus.net/ (free downloads)
Youtube: https://www.youtube.com/user/despitethethunder

• SEEHEARSPEAK (Словенија) е post hardcore проект на Дарио (ex INxSANE) со панк рок позадина и diy етика. Приказна полна со емоции и пријатни чувства, меланхолична музика која пренесува горчлива порака. Овој февруари беа заедно со Real Life Version на нивната прва Европска турнеја.
»We are amazed by what we SEE
We learn from what we HEAR
And from experience we SPEAK«
Bandcamp: http://seehearspeak.bandcamp.com/ (free downloads)

• 10 To Go (Грција) се уште едни панк рок момци од Грција, минатиот пат во Скопје ги гледавме како предгрупа на Wilhelm Scream во МКЦ. Зад себе имаат едно EP, а новиот албум ќе го промовираат на оваа турнеја!
Reverbnation: http://www.reverbnation.com/10togoband
Youtube: https://www.youtube.com/10togoband

• xMAPKOx е соло-проект на Марко Крстевски. Под влијание на направи сам етиката, стрејт еџ филозофијата и фолк-панк музиката реши да ја земе својата гитара и искрено да стои позади секој кажан збор.

Punk Rock Picnic @ MКЦ!

Сабота, 7ми јуни, 2014 // Почеток на настанот: 18:00. Крај: 01:30 // Влез: 150 ден.

Sixtynine Records http://www.sixtyninerecords.org/
Coffee Mug Booking https://www.facebook.com/pages/Coffee-Mug-Booking/401171823352317

 

Сподели