Никеја (12 март 1993, Скопје) е познат македонски вокално-инструментален состав, основан од Деан Ќурчиев и Миле Бошњаковски, автори на музика и текст, пејачи , аранжери и музички продуценти.По скоро 7 години повторно настап во Скопје, овој пат повод е Јубилеот од 20+ години работа на македонската музичка сцена.Од големиот број на луѓе кои членуваа во Никеја како носечка формација ќе партиципираат Александар Стојковски (бас гитара), Лазар Коцев (тапани), Владо Младеновски (гитара) и Деан Ќурчиев (вокал и гитара) и гостите старо-нови членови на Никеја.Покрај нив како специјални гости учество ќе земат и долгогодишните пријатели на Никеја, Рок Агресори, Водолија, Нокаут , Суперхикс, Барбароса и Драган Гиновски – Гино.
Со секој купен билет за концертот следува подарок CD од албумот ” UNISEX”.

 

 

Сподели