„МакеДокс“ и „Докувизија“ ви го претставуваат:
„Не оставај ме“ на Сабин Луб Бакер и Нилс ван Коеворден

На 14ти октомври (среда) во Џебното кино-МКЦ, во 20 часот, закажана е уште една кино-средба во рамките на Докувизија. Овој пат домаќин на проекцијата е Интернационалниот фестивал за краток и документарен филм-Докуфест од Призрен. Филмската приказна за двајцата пријатели, алкохолот и шумата ќе биде паралелно прикажана во Подгорица, Загреб, Белград и Мост на Сочи.

По проекцијата, останете на муабет со гостите во Призрен и публиката од останатите градови. Бујрум!

За филмот:

„Не оставај ме “
(Холандија, Белгија 2013/107’)

Сценарио: Sabine Lubbe Bakker, Niels van Koevorden
Режисер: Sabine Lubbe Bakker, Niels van Koevorden
Снимател: Niels van Koevorden
Монтажа: Sabine Lubbe Bakker, Niels van Koevorden
Тон: Sabine Lubbe Bakker Продукција/Production: Pieter van Huystee Film
Копродукција: Storyhouse, Studio Godot, NCRV

Синопсис:
Во едно село на крајот од Белгија, Боб и Марсел ги споделуваат осаменоста, смислата за хумор и жедта за алкохол. Боб е пензиониран каубој, заљубен во својата слобода и во шумата, а Марсел минува низ семејна драма. Се имаат договорено дека ако нештата тргнат на лошо, ќе се самоубијат и тоа, под Дрвото на животот на Боб. Времето им минува бавно, главно во друштво со чашката. И тогаш, се случуваат Валонскиот карневал, сообраќајната несреќа и неуспешната потрага по синот на Боб. Но овие двајца не се сожалуваат и заедно пребродуваат сè. Еден ден Марсел ќе реши да престане да пие, но Боб одбива да му се придружи. И така тече приказната за смртноста во место каде што се чини дека времето застанало.

Трејлер: https://www.youtube.com/watch?v=T-tGit7cQVA

Билет: 50 денари

„Докувизија“ е партнерски проект на Балканската документарна дистрибутивна мрежа (БДДМ) во која покрај „МакеДокс“, членуваат и Dokufest, Underhill Fest, Baš Volim Dokumentarce, Slobodna Zona / Free Zone Film Festival, Petra PAN FILM Production и Demiurg distribucija . Поддржан е од Фондот за уметност и култура за Балканот (Balkans Arts & Culture Fund (BAC)) .

Сподели