Промоција на романот НЕНАСЛОВЕНА МЕСЕЧЕВА СОНАТА на Давор Стојановски, издание на Или – Или.
Промотор: проф. д-р. Венко Андоновски
Делови од романот ќе чита поетот Ѓоко Здравески
Романот го одликува специфична структура, која си поигрува со неколку постмодернистички „конвенции“. Во делото главно се преплетуваат и се надополнуваат две приказни од два засебни романи. Пишуван е осум години.

Во рецензијата за делото, писателот Венко Андоновски истакнува дека романот покажува целосно зрел и оформен автор, кој е можеби и еден од најперспективните автори на една млада генерација писатели која допрва надоаѓа како убав бран. Андоновски истакнува дека на стилски план добиваме зрел, раскошен роман, со чести промени на стилските регистри и богат прозен ракопис со убаво развиена приказна и извајани ликови – сето тоа на ниво на писателско мајсторство на кое можат да се угледаат далеку поискусни и повозрасни автори.

 

Кратка биографија

Давор Стојановски е роден во 1987 година во Скопје. Дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Магистрант е на групата за македонска книжевност. Добитник на наградата „Ана Франк“, како и на откупната награда за расказ на дневникот „Нова Македонија“, за расказот „Соба со тенки ѕидови – Сонувајќи го Цејлон“ (2011). „Ненасловена месечева соната“ е негов прв роман.Член е на македонскиот музички состав Foolish Green.

Сподели