Четврток 12 февруари 2015, 20 часот
Кино „Фросина“
„За луѓето и боговите“
на Гзавие Бовоа (2010), со Ламбер Вилсон, Мајкл Лонсдал, Оливие Рабурди.
Манастир сместен во планините на Магреб, во деведесеттите години од ХХ век. Осум француски христијански монаси живеат во хармонија со нивните муслимански браќа.
Кога една екипа странски работници е масакрирана од исламистичка група, во регионот завладува терор. Војската им понудува заштита на монасите, но тие одбиваат. Треба ли да си заминат? И покрај сè поголемите закани околу нив, одлуката на монасите да останат по секоја цена ден по ден се остварува…
Овој филм наоѓа слободен израз во инспирацијата од животот на цистерсијанските монаси од Тибхирин во Алжир, од 1993 до нивното грабнување во 1996.

Петок 13 февруари 2015, Кино „Фросина“
20 часот: „Добредојде“
на Филип Лиоре (2009), со Филип Лендон, Фират Ајверди, Одре Дана.
За да ја импресионира и повторно да ја заведе жена си, Симон, кој работи како главен тренер по пливање на базенот во Кале, тајно му помага на еден млад курдски бегалец да го преплива Ла Манш.

22 часот: „Искрени пријателства“
на Стефан Аршинар (2013), со Жерар Ланвен и Жан-Иг Англад.
Валтер Орсини го сака риболовот, но не премногу.
Тој многу сака храна и добри вина.
Искрено ги сака и неговите долгогодишни пријатели Пол и Жак, неговите долгогодишни пријатели. Ја обожува неговата дваесегодишна ќерка Клеманс.
Она што Валтер најмногу го мрази, тоа е лагата…

За  проекциите во киното “Фросина“, билетите се во продажба на касата на Младинскиот културен центар.
Со превод на македонски јазик.
Во соработка со Младинскиот културен центар.

Сподели