Во Галеријата на МКЦ, Скопје, на 25 мај (четврток), 2017 година, во 12 часот, издавачката куќа „Ѓурѓа“, ќе ја промовира книгата „Мојата македонска приказна“ од Ацо Станкоски, академски сликар и публицист.

За книгата и авторот ќе зборуваат новинарката Мирка Велиновска и амбасадорот Ристо Никовски.

Книгата е прв наслов во новата едиција, „Мацедонише цуштенде“ („Македонски состојби“), што издавачот ја покрена во годината во која ја одбележува 30-тата годишнина од постоењето.

Во текстот, авторот, со својот препознатлив остар и директен полемички начин на изразување, го изнесува својот став за актуелниот општествено-политички миг во Македонија. Интересен е фактот што Станкоски, всушност, во книгата полемизира и споменува повеќе од 100 личности актуелни на политичката и културната сцена во земјата.

Сподели