Што е Млади за Скопје?

Млади за Скопје е серијал на концерти коишто ќе се одвиваат секој месец во Младински културен центар во соработка на тимот од Алтернативно Скопје и МКЦ. На овие концерти ќе свири и вниманието ќе биде насочено само кон еден бенд.
Целта на овој проект е давање шанса за промоција на млади и неетаблирани бендови, кои многу вредат, но досега немале шанса да ги слушне поширок аудиториум. Младите ќе имаат шанса да видат што е тоа квалитетна свирка, да ја поддржат локалната сцена, а и воопшто да имаат нивно место (катче) кајшто ќе се дружат еднаш месечно, а постарата публика ќе има шанса да види дека Скопје по нив полека не замира, туку дека се прави нешто.
Поради недостигот од кул места за правење концерти (се затворија „Кастро“, старата „Ла Кања“ итн.) МКЦ се издвојува како природно место за ширење култура и добро дружење.
Се надеваме дека многу млади луѓе присуствувајќи на концертите ќе посакаат и тие самите да оформат бенд, да се извежбаат добро и еден ден и самите да имаат свој концерт. Се надеваме дека постарите љубители на музиката нема да гледаат со предрасуди кон новите бендови и дека максимално ќе ги поддржат. И се надеваме дека ќе направиме атмосфера сите бендови да се чувствуваат сигурни и да дадат сѐ од себе. А за бендовите се надеваме дека ќе имаат шанса понатаму уште повеќе да се пробијат!
Се гледаме во септември!

- Cóntact 59
Contact 59 се најновото пријатно изненадување на алтернативната сцена. Млад бенд формиран во Скопје од поединци што свират слободна музика со разноликост и разнобојност во мелодијата. До сега имаат неколку настапи низ нашиот главен град и од концерт во концерт стануваат се подобри и подобри. Моментално снимаат нови песни во студиото MarryPhat, кај тон мајсторот Ивица Јанкуловски.

Жанр: инди рок, пост-панк

bandcamp: goo.gl/njIQqC
facebook: goo.gl/5lWBYz
youtube: goo.gl/ZRXZzM

Билети во продажба од 30 август, на билетарница МКЦ, по цена од 100 денари, на ден на концерт 150 денари.

Сподели