Концерт на Metanoia

По успешниот Млади за Скопје #1 – Концерт на Contact 59, продолжуваме понатаму со нов концерт.

Што е Млади за Скопје?

Млади за Скопје е серијал на концерти коишто ќе се одвиваат секој месец во Младински Културен Центар во соработка на тимот од Алтернативно Скопје и МКЦ. На овие концерти ќе свири и вниманието ќе биде насочено само кон еден бенд.
Целта на овој проект е давање шанса за промоција на млади и неетаблирани бендови кои многу вредат но до сега немале шанса да ги слушне поширок аудиториум. Младите ќе имаат шанса да видат што е тоа квалитетна свирка, да ја поддржат локалната сцена, а и воопшто да имаат нивно место (катче) кај ќе се дружат еднаш месечно, а постарата публика ќе има шанса да увиди дека Скопје после нив полека не замира туку дека се прави нешто.
Поради недостигот од кул места за правење концерти (се затворија „Кастро“, старата „Ла Кања“ итн) МКЦ се издвојува како природно место за ширење култура и добро дружење.
Се надеваме дека многу млади луѓе присуствувајќи на концертите ќе посакаат и тие самите да оформат бенд, да се извежбаат добро и еден ден и самите да имаат свој концерт. Се надеваме дека постарите љубители на музика нема да гледаат со предрасуди кон новите бендови и дека максимално ќе ги поддржат. И се надеваме дека ќе направиме атмосфера сите бендови да се чувствуваат сигурни и да дадат се од себе. А за бендовите се надеваме дека ќе имаат шанса понатаму уште повеќе да се пробијат!

- Metanoia
Metonia е музички проект на млади, талентирани ентузијасти предводен од вокалот Мики Вуковиќ. Имаат настапувано на многубројни настани на кои се одлично прифатени од публиката како: „Д Фестивал“, „Алтернативно Скопје“, „Школка на звук“, „Лузерфест“. Одличен млад бенд и тоа како добро звучи во живо и кои пријатно ќе ве изненадат.
жанр: прогресив метал, индастриал
youtube: goo.gl/qyJduP
bandcamp: goo.gl/7q6lGM
facebook: goo.gl/BxB0ux

Карти во претпродажба: 100 ден
Карти на денот на концертот: 150 ден
Се гледаме на 15ти! :)

Сподели